Ѓоковиќ: Нема да се вакцинирам!

Во интервју за „Би-Би-Си“ првиот светски тениски рекет Новак Ѓоковиќ зборуваше за ситуацијата со вакцинирањето во која се најде и за сагата со депортацијата од Австралија. Тој порача дека нема немера да се вакцинира без разлика што тоа ќе значи во неговата кариера.

Прашан дали ќе остане на ставот да не се вакцинира ако тоа значи дека нема да игра на наредните гренслемови, Ѓоковиќ вели:

„Да, тоа е цената која сум спремен да ја платам“.

Toj рече дека се надева на поблаги рестриктивни мерки во иднина и порача дека ќе игра на турнирите уште долго.

„За мене принципите на одлучување што јас ќе ставам во моето тело се поважни од било кои титули или резултати. Се обидувам да имам контрола над моето тело колку што е можно повеќе“ – порача Ѓоковиќ.