Резников: Нема причина да се воведе воена состојба во Украина!

Алексеј Резников – министерот за одбрана на Украина рече дека нема основа за воведување воена состојба во земјата.

„Сигурен сум дека во моментов нема апсолутно никаква причина да се воведе таквата одредба за посебен правен режим“ – рече Резников и додадеде дека:

„Само за да се регулира или нормализира медиумската атмосфера и простор, тоа во никој случај не може да се направи“.

„Јас сум апсолутно мирен и убеден дека ќе ја преживееме оваа криза. Пред се, таа е навистина информативна. Но, воена состојба се воведува доколку има директна агресија, како инвазија. Се надевам дека таква инвазија нема да се случи и затоа се ќе биде во ред“ – рече тој.

Претседателот на Украина, Зеленски на средбата со германскиот канцелар Шолц изјави дека неговото семејство останува во главниот град.