Започна расправата за уставни измени – премиерот Ковачевки рече „Измени и дополнувања на Уставот не е странски диктат, туку македонски предлог“

Со 70 гласови за, 47 против и без воздржани, Собранието на Македонија го усвои дневниот ред – пристапување кон измени на Уставот на Македонија.

Премиерот Димитар Ковачевски во име на Владата како предлагач нагласи дека предлогот за измени и дополнувања на Уставот не е странски диктат, туку македонски предлог, пишуван тука, а поддржан од ЕУ и САД со единствена цел пат за интеграција во ЕУ до 2030 година и е базиран на историските стремежи вградени во Крушевскиот манифест и АСНОМ, Уставот од 1991 година и Преспанскиот договор.

Претседателот на Собранието Талат Џафери потоа извести дека предлогот за измени на Уставот е доставен од Владата, Тој појасни дека одлуката за пристапување кон измени на Уставот се донесува со двотретинско мнозиство од вкупниот број на пратеници.

Според Деловникот, рече, расправата може да се води во рок од десет дена.

Потоа, Џафери му даде збор на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во име на предлагачот.

Ковачевски во своето обраќање најнапред нагласи дека станува збор за многу важна седница на парламентот од која се пристапува кон измени и дополнување на Уставот.

„Тоа е резултат на одлуката на Владата од 18 јули кога одлучи дека има потреба од измени на Уставот со насоки за измени, прифаќајќи го предлогот на устаната комисија за измени. Ја презедов обврската да го елаборирам предлогот. Резултат е на целосно отворена експретска, јавна и политичка дебата, во широка постапка овозможивме сите фактори и граѓани да бидат запознати со содржината и целта на дополнувањето на Уставот, заедно со придобивките за државата. Јас и сите министри се водевме од идејата да ги понудиме аргументите и да побараме широко прифаќање на целта. Не одбивме дебата, ги зедовме предвид политичките и економските интереси за државата од ингеграцијата во ЕУ. Тоа е во интерес на државата, нацијата и граѓаните. во 1991 година граѓаните се изјаснија дека највисока цел е интеграција во европското семејство. И тогаш и сега влезот во ЕУ е најдобриот и интеrгенерациски, правен и политички интерес и процес. Сакаме држава со сите стандарди. Заедно со членството во НАТО, ние сме држава со сегашност и јасна иднина. Низ историјата знаеме колку се заложиле предците за создавање на цврст културен и јазичен идентите. Тоа што сме денес е вградено во Крушевскиот манифест, во АСНОМ, како и во првиот Устав од 1991 година и во Преспанскиот договор. Измените на Уставот има јасна цел – интеграција во ЕУ. Предлогот е наш, македонски, базиран на европскиот договор од 2022 година кога државата конечно ги отвори преговорите за членство. Предлогот е пишуван во Македонија, ги отфрлам тврдењата дека станува збор за странски предлог. Целта е да не каскаме или да стоиме во место, туку да чекориме кон ЕУ за полниоправно членство до 2030 година. Предлогот е наш, поддржан од ЕУ и САД, и е за наше добро“, рече премиерот Ковачевски.

Тој потоа нагласи дека и со членството во НАТО скептиците се убедија дека земјата стана посилна и побезбедна.

„Предложените интервенции во Уставот се однесуваат единствено на додавање на делови народи во преамбулата на Уставот во член 49 и член 78 од Уставот и ги наведе, бугарскиот и другите неколку народи кои се додаваат. Согласно ова, рече, се менува и составот на Комитетот за етнички заедници.

„Се додаваат делови од народи, но недвосмислено е истакната примарната уставотворност на македонскиот народ, како и објективната уникатност и зассебност на македонскиот народ од другите народи, во тој контекст и од бугарскиот народ. Ниту се може ниту се сака, ниту е можно да се релативизира македонскиот народ. Дали е разумно да се мисли дека додавање на други народи го загрозува македонскиот народ? Ниту тоа може да се одрази врз државата. Уставните измени не загрозуваат ниту едно идентитеско македонско прашање. Тоа е целосно јасно и треба на сите да им е јасно. Денес, кога ќе ги погледнете улиците, гледате дека е мирно и дека граѓаните очекуваат умна и храбра одлука. Државата се гради како мултиетничка функционбална демократија која практикува европски вредности, општество кое гарантира еднакви права и обврски за сите етнички задници, односно граѓани. Се гарантира патот кон ЕУ. Гарантирањето на човековите права на сите е наша вредност, на нашето општесто. И тоа е важно и за Европа посебно денеска кога имаме соочување со нестабилност на европскиот континент. Препознатливи сме по тоа што произведуваме стабилност“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека евопскиот пат се гради заради нас самите. Евроскептици има секаде низ Европа, но, рече Ковачевски, европската интеграција значи развој за државата.

„Токму ЕУ е наш најголем финансиски поддржувач. Најмногу од сите има инвестирано во државата и овозможува раст на платите гарантирано во првите пет години од членстевото. Тоа е пазар од над 500 милиони жители. ЕУ е убедливо најголемиот донатор. Само преку ИПА програмата се вложени над 1 милијарда евра“, рече премиерот и наведе уште податоци.