(ВИДЕО) Проф. Атанасов: Создаваме функционално неписмени генерации, а јазот во знаењето допрва ќе се продлабочува

➡Истражувањето кое ние го направивме, а веќе во јавноста е промовирано, зборува за уште едно ниво на можеби алармираност за квалитетот на основното образование. ➡Постои голема разлика во квалитет помеѓу учениците од четврто и од осмо одделение. Тоа значи дека кога овие ученици од четврто одделение ќе стигнат во осмо одделение, ќе бидат уште послаби од оние ученици што се денес осмо одделение. ➡И онаа реченица која што остана од пред неколку години од анализите на ОЕЦД после една ПИСА тестирање, дека во голем број, процент, нашите ученици се функционално неписмени. ➡Од десетина училишта кои ни беа примерок во истражувањето, едно училиште добро помина. ➡Првиот процес е на некоја општествена селекција кадешто имаме иселување, брејн дрејн и тн., но втората е дека колку што ви опаѓа процесот генерално и просекот на резултатите во образованието, секоја наредна генерација е послаба и послаба, особено таму каде не се работи доволно. ➡Може да се влијае и позитивно, може да се стимулираат некои процеси, но мора да јакне оној т.н приватен или реален сектор. Не може владата и општеството и она што е државен капитал, да ги води 90% од сите процеси во државата. ➡има многу сегменти каде што високото образование, особено истражувањето и развојот, но и севкупно економскиот напредок може да влијае и врз подобри стартни позиции, и на бизнисот, и на образованието, и на науката. ➡Предолго траеше период каде што нудевме евтина работна сила за странски инвестиции. Сега одеднаш нема работна сила и се соочуваме со ист проблем како неколку држави од регионот и пошироко, каде што недостасува работна сила за обични процеси во бизнисот, во претпријатијата. ➡Луѓето ќе одат таму каде што им се обезбедува подобро работно место, каде што повеќе ќе ги платат, каде што нивното семејство или нивните блиски ќе имаат повеќе шанси за напредок во повеќе аспекти, смета професорот Петар Атанасов.

„Просечниот производ или она што излегува како резултат од повеќе нивоа, особено во пониските нивоа, се должи на еден подолг негативен тренд кој трае подолго време. Анализите се многубројни, но отприлика знаеме што се случува. Истражувањето кое ние го направивме, а веќе во јавноста е промовирано, зборува за уште едно ниво на можеби алармираност за квалитетот на основното образование, а тоа е што во основното образование, според сите стандарди, не треба да има толку големи нивоа и разлики помеѓу училиштата, општините, каде одите во училиште, во кој град учите, но ова истражување покажа две негативни страни на основното образование, особено она што го испитувавме во четврто и осмо одделение.

-Постојат големи разлики во резултатот што го прават учениците, дури и во урбаните средини и особено оној податок што излезе од излезе од истражувањето што ние го направивме минатата година, постои голема разлика во квалитет помеѓу учениците од четврто и од осмо одделение. Тоа значи дека кога овие ученици од четврто одделение ќе стигнат во осмо одделение, ќе бидат уште послаби од оние ученици што се денес осмо одделение.

-Значи тој надолен тренд, тој гап или тој јаз и понатаму ќе се продлабочува. Ова го покажа и ова истражување, но и сите други истражувања не бегаат од таа тема, особено они порелевантните, меѓународните тестирања кои се прецизни, кои точно одредуваат дека ние имаме слаб систем на образование, кој прави просечен производ. И онаа реченица која што остана од пред неколку години од анализите на ОЕЦД после една ПИСА тестирање, дека во голем број, процент, нашите ученици се функционално неписмени“, изјави во „Трилинг“, проф. д-р Петар Атанасов говорејќи за алармантните податоци за неписменост кај младите.

Фото: Трилинг / Петар Атанасов

Прашан зошто ја губиме битката со квалитетното образование, Атанасов вели дека „ако зборуваме за ова ниво на образование, после овие два-три месеци анализа на ова што го добивме, а добивме голем број на тестови – 1288 примерок на ученици од четврто и осмо одделение, мое длабоко убедување е, гледајќи ги многу пати овие бројки, споредувајќи ги, дека квалитетот во образованието, барем во основното училиште или одговорноста за паѓање на квалитетот во основното училиште се наоѓа во училиштето“.

„Од десетина училишта кои ни беа примерок во истражувањето, едно училиште добро помина. Не најдобро, не највисоки резултати, сѐ уште тоа е просечно, но едно училиште, во една скопска урбана општина направи добар резултат. Што значи дека во тоа училиште некој добро си ја работи својата работа. Напротив, во некои училишта од истата или друга општина, се покажува дека во тие училишта, во тие микро средини, во тој микро контекст, некој не си ја работи добро својата работа. Тоа е значи сложено прашање, сложен процес каде што некаде може да се постигне квалитет или некој се труди, а напротив, во некои училишта тој квалитет не се достигнува“, вели Атанасов.

Фото: Трилинг / Петар Атанасов

Говорејќи за податоците на Државниот завод за статистика во однос на намалувањето на бројот на основци во училиштата и континуираниот пад, односно се помалку се запишуваат и дали тоа аналогно говори и дека квалитет опаѓа, професорот вели дека секоја генерација си носи свои плусови или минуси, и додава дека се случуваат два процеса.

„Првиот процес е на некоја општествена селекција кадешто имаме иселување, брејн дрејн и тн., но втората е дека колку што ви опаѓа процесот генерално и просекот на резултатите во образованието, секоја наредна генерација е послаба и послаба, особено таму каде не се работи доволно. Тоа е нешто што не може да краток рок да се превенира или да се спречи. Кога денес би започнале многу од училиштата да си работат својата работа, ние барем после еден циклус ќе можеме да кажеме дека нешто е мрднато, нешто подобро се случува. Доколку остане истото, не е добро.

-Јас и мојот тим скоро месец дена бевме на терен и разговаравме со многу наставници. Она што е перцепција на наставниците, е дека се послаба е мотивацијата кај децата. Дека се помалку се вложува во домашните задачи или се помалку децата се трудат да достигнат некаков квалитет. Но тука како претпоставка треба да ги земеме и општествените фактори, не само овие микро целини. Но постојат училишта, постојат наставници што веројатно знаат што треба да се прави, но општествениот контекст ја изгуби таа мотивација за образование. Веројатно некои други негативни процеси владеат, каде што интересот за образование или за квалитетно образование опаѓа, и тоа ни се одразува врз сите сегменти“, вели Атанасов.

Фото: Трилинг / Петар Атанасов

Прашан за мислење дали политиката ја крои судбината на младите, Атанасов смета дека правопропорционално по некоја логика во одреден степен да.

„Но има и многу други прашања кои треба да ги одговориме зошто е тоа така. Веројатно институциите треба да ги поттикнат младите. Во еден период од мојата кариера се најадов во Собрание каде се формираа тие клубови на млади пратеници, кои ветуваа или можеа да ги отворат тие процеси. Ако се однесува за секторот вработување, веројатно да – се помалку има шанса некој млад човек со добро образование да најде добро работно место и позитивно да ја започне својата кариера. Во таа смисла младите повеќе размислуваат за кариера надвор него овде. Особено оние што се поквалитетни. Е сега ако споредиме тие законски решенија со ова практично што се случува, или од она што го имаме во општеството, веројатно во тие паралели нека и ќе најдеме зошто младите не постигнуваат добар резултат. Но, секогаш додавам, дека денес младите имаа можеби многу поголема шанса, можеби многу поголеми услови и начини да напредуваат, да учат. Ние сме учеле, некои од нашите генерации, каде што постоеја само некои книги кои беа по пет пати прочитани. Денеска они имаат пристап до сите знаења на светот. Како тоа да го реализираат? Кој треба таа мотивација да им ја поттикне и зошто они не прават многу повеќе за да си ја најдат и својата кариера и својата судбина, и да направат нешто од својот живот, да бидат задоволни граѓани кои си ја работат својата работа.

-Можеби ни треба уште простор и време да достигнеме некои работи во тој аспект, но не можеме да ја обминеме само политиката, особено ако кажам еден апсурден податок дека политичките партии се расадник на млади луѓе кои ги продолжуваат идеологиите и начинот на владеење на нивните постари колеги во нивните политички партии. Тоа е еден процес кој навистина е апсурден, но политичките партии се преполни со млади луѓе. Можете да прашате и некои од нив, зошто тоа младите не добиваат доволно од државата и од општеството, изјави Атанасов.

Фото: Трилинг / Петар Атанасов

Осврнувајќи се на фактот дека високото образование секогаш имало клучна улога во општествениот и економскиот развој на земјата, и ако се вратиме наназад, дали може да дојдеме до заклучокот дека ние немаме светла иднина, немаме генерација која може да не поведе како држава, исто така имајќи предвид дека имаме перманентен тренд на иселување, особено кај најмладите, професорот вели дека секоја политика во современите држави, секоја влада сака да има влијание во високото образование, независно од кои причини кои побуди, и е интерес тој сооднос меѓу оние што владеат, политиките, ресурсите што се одвојуваат за тоа и резултатот што се прави.

„Може да се влијае и позитивно, може да се стимулираат некои процеси, но мора да јакне оној т.н приватен или реален сектор. Не може владата и општеството и она што е државен капитал, да ги води 90% од сите процеси во државата. Тука мислам и на бизнисот со кој има одреден сооднос политиката и приватниот бизнис. Тука е и високото образование, но во одредени периоди имаме примери каде што образованието повлекло нанапред. Можам да ви посочам неколку примери на неколку држави, особено на оние од источниот блок, кои за кратко време, од 10-20 години транзиција успеаја да го подобрат образованието, да вложат во истражување и развој, но и да направат добра економска платформа за да го подобрат живеењето. Видете една Чешка што направи, видете една Полска. Словенија ни е најсвеж пример.

-Значи има многу сегменти каде што високото образование, особено истражувањето и развојот, но и севкупно економскиот напредок може да влијае и врз подобри стартни позиции, и на бизнисот, и на образованието, и на науката“, вели Атанасов.

Говорејќи за тоа дека пред неколку години се фалевме дека имаме евтина работна сила, па така ги привлекувавме странските инвестиции, а за денес да се доведеме дека на пазарот на труд ни недостига квалификуван кадар и дали всушност ние создаваме млади професионалци за надвор, а притоа да не направиме обиди да ги задржиме, Атанасов вели дека треба да се изнајде и да се обезбеди простор како да се создаде квалитетна работна сила која не може евтино да ја купите.

„Предолго траеше период каде што нудевме евтина работна сила за странски инвестиции. Сега одеднаш нема работна сила и се соочуваме со ист проблем како неколку држави од регионот и пошироко, каде што недостасува работна сила за обични процеси во бизнисот, во претпријатијата. Балансот помеѓу понудата и побарувачката не е моја специјалност, но ги читаме тие анализи. Она што се бара се продаваа, она што се нуди е можеби поевтино од тоа што треба да се плати поскапо и поквалитетно, но тие процеси се отворени, и мислам дека границите не се тука причина или бариера.

-Луѓето ќе одат таму каде што им се обезбедува подобро работно место, каде што повеќе ќе ги платат, каде што нивното семејство или нивните блиски ќе имаат повеќе шанси за напредок во повеќе аспекти“, смета професорот Петар Атанасов.

Целото интервју погледнете го во видеото.