(ВИДЕО) Трајановски: ВМРО-ДПМНЕ, ја замајува јавноста дека се допира во нашиот идентитет

🔤-Факт е дека за наша жал тоа е сега билатерален проблем, но сега ние не сме во ситуација да го одложуваме тоа“, вели за „Трилинг“ потпретседателот на СДСМ, Александар Трајановски, говорејќи за спорот со Бугарија и неодамнешните изјави на дел од челниците на двете држави.

„Ние сме тие што треба да притискаме во процесот. Треба да најдеме решение, дијалог, затоа што работата не е многу ветувачка. Иако сега Јотова наведе дека уставните измени се причина за блокадата, ние како партија во минативе две години, цело време говоревме дека дијалогот со ЕУ е многу важен. Тоа не е само дијалог со Република Бугарија, туку е дијалог со Европската Унија.

-Факт е дека за наша жал тоа е сега билатерален проблем, но сега ние не сме во ситуација да го одложуваме тоа“, вели за „Трилинг“ потпретседателот на СДСМ, Александар Трајановски, говорејќи за спорот со Бугарија и неодамнешните изјави на дел од челниците на двете држави.

Според него, владејачката ВМРО-ДПМНЕ, ја замајува јавноста дека се допира во нашиот идентитет, јазик.

И од претседателката добивме потврда за тоа, вели Трајановски, и додава дека сме добиле признание за таа наша борба.

Објаснувајќи го процесот на приближување кон ЕУ, дефинирајќи ја преговарачката рамка, Трајановски вели дека во моментов Македонија не е во ситуација да поставува услови.

„Дали ќе има услови? Многу тешко е сега Европската Унија да каже дека ова е последно барање, и мислам дека нема таков пишан документ“.

„Со целата политика што владејачката партија ја води во последниве две години, ние се повеќе и повеќе се изолираме“, вели Трајановски.

Целосното и интервју каде потпретседателот на СДСМ говори за се внатрешната и надворешната политика, погледнете го во видеото