(ВИДЕО) Андоновски: Интелектуалната и научната мисла се истиснати бидејќи се критички
➡Мислам дека не сме мрднале ние многу напред во однос на „Диво месо“ и она за што говори „Диво месо“, особено на планот на растурање на семејството. ➡Понекогаш реализмот се израмнува со песимизам, и мислам дека во тоа „Диво месо“ на Горан Стефановски, кое јас се обидов да го рециклирам, да го преместам низ времето и се прашував како тоа би изгледало кога тој тест би се пишувал. Мислам дека тоа „Диво месо“ уште ни стои и дека не ни е решено. ➡Во оваа земја идеологијата излезе вон времето. Отсекогаш државите ги воделе политичари, идеолози, лидери, но отсекогаш имале и умни луѓе околу себе. Сега некако како да се отцепи политиката од државата, како да си стана некое самостојно претпријатие за фабрикација на политички вредности. ➡Во психологијата на оние кои сакаат да владеат е всадено чувството на нарцизам. И тоа не говорам само за сега, отсекогаш било така, Меѓутоа постоело механизми кои тој нарцизам го ставале во некои нормални рамки. Не постои владетел кој не сакал да биде фален и да се прави некаква имагологија од неговата појава и фигура, меѓутоа отсекогаш имало и спротивни мислења, имало и критичка интелигенција, имало и дисиденти. А сега дојде еден момент во која како веќе да не е потребно ни знаење, ни совет, ни стручен совет од интелигенција, вели професорот и академик Венко Андоновски.
„Мислам дека не сме мрднале ние многу напред во однос на „Диво месо“ и она за што говори „Диво месо“, особено на планот на растурање на семејството. Се смееме понекогаш со колегите од историја на факултетот. Тие велат „во турско имало најголем данок – десеток, а сега персоналниот ви е многу повеќе од десеток“, да не говориме и за другите даноци што ги плаќаме. Но имало и данок во крв, а јас се прашувам зарем не е данок во крв растурањето на семејствата, селењето на младите луѓе од Македонија. Така што колку и да звучи песимистички, тоа е реално. Понекогаш реализмот се израмнува со песимизам, и мислам дека во тоа „Диво месо“ на Горан Стефановски, кое јас се обидов да го рециклирам, да го преместам низ времето и се прашував како тоа би изгледало кога тој тест би се пишувал. Мислам дека тоа „Диво месо“ уште ни стои и дека не ни е решено“, вели професорот и академик Венко Андоновски.

Прашан зошто не сме мрднати од статус кво позицијата, Андоновски вели дека јасно е зошто.
„Во оваа земја идеологијата излезе вон времето. Отсекогаш државите ги воделе политичари, идеолози, лидери, но отсекогаш имале и умни луѓе околу себе. Сега некако како да се отцепи политиката од државата, како да си стана некое самостојно претпријатие за фабрикација на политички вредности.
-Главно се повторуваат празни фрази и егиди. Но никој не покажува реален интерес да се промени стварноста. Тоа едноставно си стана, како што на времето симболизмот беше самоцелна уметност, незаинтересирана за стварноста, така сега идеологијата се занимава“, смета Андоновски и додава дека интелектуалната, научна мисла е истисната бидејќи е критичка.
„Во психологијата на оние кои сакаат да владеат е всадено чувството на нарцизам. И тоа не говорам само за сега, отсекогаш било така, Меѓутоа постоело механизми кои тој нарцизам го ставале во некои нормални рамки. Не постои владетел кој не сакал да биде фален и да се прави некаква имагологија од неговата појава и фигура, меѓутоа отсекогаш имало и спротивни мислења, имало и критичка интелигенција, имало и дисиденти. А сега дојде еден момент во која како веќе да не е потребно ни знаење, ни совет, ни стручен совет од интелигенција.
-Се е политички диригирано од врвот и ние знаеме дека тоа доаѓа и од геополитичката ситуација“, смета Андоновски.
Разговорот може да го погледнете во видеото.