Пресврт – Хрват не е убиец на грчкиот навивач во Атина!

Според информациите на хрватската телевизија „Нова ТВ“, во Атина, навивач на АЕК не бил убиен од хрватски државјанин и навивач на Динамо Загреб, туку од грчки државјанин!?
„Според неофицијални информации, полицијата има отпечатоци од убиецот, а тој наводно е грчки државјанин“, открил репортерот на таа телевизија од Грција.

„Ситуацијата во Атина не е поволна ниту за Хрватите, ниту за грчката полиција. Откако добивме информација што се случило во близина на стадионот на АЕК, пристигнавме на местото и почнавме да снимаме. Кога сфатија дека сме од Хрватска, Грците нападнаа нас и ја побара нашата камера, но снимателот успеа да преговара, само ја зедоа картичката со која снимавме“, додаде тој.

Грчката полиција во текот на целиот ден спроведува рации за да ги пронајде сите учесници во монструозната тепачка меѓу навивачите на Динамо Загреб и АЕК, во која загина едно лице.

Приведени се 98 лица, повеќето Хрвати, а меѓу нив наводно имало и грчки државјани – навивачи на Панатинаикос, со кои Динамо има „братски“ односи. Сепак, ова се уште е неофицијална информација“, велат хрватските медиуми.

Според законската процедура, секој кој беше приведен овој вторник ќе биде изведен пред истражен судија во среда, кога ќе биде осуден на слобода или ќе остане во притвор најмалку еден месец.

Во таа земја, судирите меѓу хулиганите се особено чувствителна тема ова лето, бидејќи пред еден месец седуммина навивачи на ПАОК беа осудени на доживотен затвор за убиството на навивачот на Арис пред три години.