Се воведуваат електронски пари на посебна картичка, ќе бидат замена за книжните
Новиот Закон за платежни услуги и платежни системи, кој ќе стапи во сила јануари годинава, ќе донесе револуционерни промени на нашите навики, за кои сега на банките им плаќаме високи услуги и провизии.
Се воведуваат електронски пари на посебна картичка, што ќе ја издаваат нови платежни институции . Колку готовина ќе им ставиме, толку ќе имаме електронски пари со себе. Колку ќе и кажеме на банката, толку ќе и префрли на електронската картичка што ќе ја води друга, нова платежна институција, за помали провизии.
Електронските пари ќе бидат замена за книжните. Ако ја изгубиме таа картичка со електронски пари, исто како да сме изгубиле паричник. Овие картички нема да имаат дозволен лимит.
Ќе се формираат нови платежни институции и институции за електронски пари, на кои жќе им даваме наредби да ни плаќаат струја, вода, парно, рати за кредити .
Ќе може да добиваме и да префрламе пари на сметка и по 16 часот, а не како досега што ограничуваа банките: „Само до крајот на работното време“.
Кредитите остануваат кај банките и штедилниците, а плаќањето на ратите, кај новите платежни институции. Банките и штедилниците ќе може сите услуги да ги даваат, како платежни услуги, издавање е-пари, депозити и кредити. За првите две ќе треба да ги спуштат провизиите, ако сакаат во тој дел да ги задржат клиентите.
На новите даватели на платежни услуги е да се тркаат меѓу себе кој ќе настапи со најниски провизии за услугите, да привлече повеќе граѓани (клиенти) за да има профит со пониските провизии, а на банките да ги подобрат услугите, да ги снижат провизиите. Во конкуренцијата што ќе ја добијат со новите платежни институции, ќе треба да се борат да ги задржат клиентите кај себе.