Ѓорѓиевски: Грешка беше поддршката за Арсовска за градоначалничка

Владата потпиша кредитна линија со европската инвестициска банка за изградба на  прочистелната станица за отпадни води во Скопје. Проект што ќе чини околу 100 милиони евра од кои 70 милиони евра се градат од Евроспката банка. Овој капитален објект стана политички мегдан каде Арсовска ја обвини ВМРО – ДПМНЕ и нивниот лидер Мицковски дека ” брцнале со рачињата во мед. Арсовска подоцна беше сменета од позицијата шеф на Зелс, кое по правило припаѓа на градоначалникот на Скопје. Ова место го наследи Орце Ѓорѓиевски градоначалникот на Кисела Вода, кој е и гостин во денешното издание на Трилинг.

На прашањето ако ја тргнеме симболиката рачињата во мед, дали конечно Скопје ќе добие прочистителна станица, Ѓорѓиевски возврати:

,,Околу таа реченица рачињата во медот, јас не видов некој исход на крајот од денот од сето тоа што бомбастично се најавуваше по медиумите дека има некаков потенцијален криминал или нешто се случувало во позадина, напротив видовме дека постапката се продолжи и се заврши од градоначалничката така да малку контрадикторно излезе градоначалничката во тој дел.Има институции во државата, треба да си ја испитаат работата, јас не сум дел од тие институции кои што ги утврдуваат тие состојби. Сметам за да се врати довербата на граѓаните во институциите треба да се работи , ако нешто се изнесе како факт и како податок или како шпекулација во јавност тогаш треба до крај прецизно и да се сработи истиот тој предмет за да видиме дали е некој во право и некој треба да одговара дури и ако е лага изнесена во јавноста”.

,,ВМРО – ДПМНЕ помогна за Данела Арсовска да стане градоначалник на Скопје” – вели Орце Ѓеорѓиевски.

,,Претседателот на нашата политичка партија, Христијан Мицковски, постојано повикува, пружува рака за предвремени парламентарни избори кој што од повеќе аспекти, но најмногу зошто граѓаните многу лошо живеат во нашата држава. Дава шанса за предвремени парламентарни избори. Ја не се сложувам целосно со вашето тврдење дека мнозинство од општини менаџираат лошо, јас мислам напротив дека нашето добро менаџирање на најголем број од градоначалниците,  би рекол  на сите од редовите на ВМРО – ДПМНЕ исминатиов период влијае и на повисок рејтинг на нашата партија” – потенцираше тој.