Касами: Не се чувствувам комотно по македонското знаме и кога се интонира химната

Трилинг се обиде да стапи во контакт со  Биљал Касами. Упативме покана за негово гостување во Трилинг, но не можевме да го добиеме. Околу неговите ставови неделава, како да сме сведоци на своевидна реприза, пред речиси пред пет години во поранешната емисија ,,Фактор 24”  тој изјави дека не се чувствува лагодно додека ја слуша химната на Македонија.

Во продолжение следува дел од неговата изјава за ,,Фактор 24”

,, Не можам јас да се чувствувам комотно кога ќе се донира македонската химна која во ниту еден момент не рефлектира на мојот идентитет како албанец туку е целосно рефлексија на македонскиот идентитет.”

,,Не можам да се чувствувам комотно пред знаме, не е одлука ни на мојата етничка група, односно која не рефлектира идентитет на мојата етничка група. Знамето на Македонија ги рефлектира желбата и барањата на македонците како етничка група” – истакна Касами.