Величковска: Има чуден потценувачки однос кон поезијата

,,Летна соната за мојот град” е наслов на поетскиот филм кој следниот месец ќе ја претставува нашата земја на интернационалниот фестивал за поетски филмови во Лос Анџелес. Нешто повеќе за филмот, гостинка во новото издание на Трилинг,Јулијана Величковска продуцент на филмот и писателка.

,,Се побројни се филмските фестивали и кај нас и во регионот.Практично поетските филмови се еден вид експериментални филмови во тој жанр така што има доста фестивали конкретно што се за такви филмови насочени.Но исто така имаме и во светот фестивали кои што се специјализирани за поетски филмови” – вели Величковска.

На прашањето дали се чита поезија во Македонија и дали се подржува од страна на институциите таа одговори:

,,Има многу млади поети во земјава, за кои што се трудам особено многу и со издавачката и со фестивалите да ги поттикнам, да ги подржам, да им дадам простор. да ги насочам и како уредник тоа нели каде може да се подобрат во рамки на самото пишување, да им дадам простор на фестивалите да бидат слушнати и видени, не само до домашната публика, и гостите од странсвто кои се честопати и преведувачи и организатори на сродни фестивали, и со нивните изданија и добар дел од нив веке  висококотираат и на книжевните награди кај нас. “‘.

,,Она што мислам дека создава извесна горчина во целата приказна , за жал имаме публика која што има тенденција да не купува поетски книги, имаме публика која што смета дека поезијата е нешто што треба да се добие бесплатно дека треба да има достапен пристап до поетските книги.Има чуден потценувачки однос кон поезијата.” – истакна таа.