Буразер: Мислам дека оваа иницијатива на САД и ЕУ е дел од еден обид З. Балкан да се стабилизира!

Политикологот Никола Буразер е дел од најновото издание на Трилинг на тема спорот Белград – Приштина односно дали по охридските преговори Вучиќ-Курти ќе дојде до нормализација на односите Белград-Приштина.

Според него, Вучиќ морал на некој начин да биде дел од овој процес и да се согласи на она што се очекува до Србија во дијалогот, но како што вели тоа е нешто што е многу непопуларно дома.

,,И тој сега се наоѓа под притисок, пред се од страна на опозицијата од десниот спектар,која доста зборува дека тој со тоа ја издал Србија. А како што знаеме ставот на ѓраганите на Србија кон признавањето на Косово е доста негативен.Со самото тоа претседателот Вучиќ има потреба на некој начин да прејде во  офанзива, да ја напаѓа опозицијата која го критикува него за предавање на Србија по прашањето за Косово, и да се претстави себеси како единствениот претставник на државотворна политика” – вели Никола Буразер.

На прашањето дали постои ли опасност од радикализација на состојбата во регионот доколу нема на краток рок решение во однос на српско косовскиот дијалог тој одговори:

,,Спорот на Белград и Приштина е веројатно најсериозниот билатерален спор во регионот и веројатно најголемото индивидуално прашање кое го кочи пристапувањето на регионот кон ЕУ и претставува траен извор на нестабилност, не само на самото Косово, туку и за целиот регион. Така што , со право ЕУ и САД  инсистираат на решавање на  овој проблем, барем на чекор кон решението на овој проблем за да се спречи тој да стане некое ново потенцијално жариште.Затоа што беше очекувано дека Русија која се наоѓа во скоро цела  конфронтација со Запад, ќе се обиде на разни начини да го дестабилизира регионот, да предизвика конфликти, таму каде постои можност за тоа , а на Косово на тоа постои навистина плодна почва.

Според Буразер, постои можност конфликтот во Украина да се прелие на Балканот.

,,Мислам дека оваа иницијатива на САД и ЕУ, е дел од еден обид З. Балкан да се стабилизира, да се решат сите отворени прашања и на тој начин да се оневозможи дестабилизација на регионот” – истакна политикологот.