
Сервисот на третиот ер трактор, кој беше оштетен за време на неодамнешното невреме во Скопје, денес успешно е завршен.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека по извршениот сервис бил реализиран и пробен лет, при што било потврдено дека авионот е целосно функционален.
Со тоа, ер тракторот повторно се враќа во употреба и ќе биде ангажиран во активностите за гаснење пожари и интервенции на терен.