
Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја објави најновата состојба со пожарите на отворен простор на територијата на државата за денешниот ден (03.08.2026 година), заклучно до 18:00 часот.
Според официјалните податоци од теренот, од вкупно регистрираните 15 пожари, противпожарните екипи успеале целосно да изгаснат 10, додека борбата со пет активни пожари сѐ уште трае.
Активни пожари (вкупно 5): Општина Прилеп (критична точка): Пожар во месноста Тризла Теке кои зафатил депонија и се шири во три правци – кон Маркови Кули, кон превојот кај црквата „Богородица“ и кон локацијата Три Багреми.
Општина Кавадарци: Зафатена е нискостеблеста шума и сува трева на потегот помеѓу селата Раец и Ќесендре. Општина Василево: Гори сува трева, стрништа и дива депонија помеѓу селата Доброшинци и Василево. Општина Кичево: Гори стрниште во атарот на селото Зајас. Општина Теарце: Пожар на отворено опфаќа нива, стрништа и сува трева во селото Теарце. Целосно изгаснати пожари (вкупно 10): Брзата реакција на противпожарните тимови спречи понатамошно ширење на пожарите на следниве локации:
Општина Бутел: Сува трева на ул. „Бутелска“ бб.
Општина Шуто Оризари: Запалено ѓубре во с. Визбегово.
Општина Битола: Сува трева во атарот на с. Крклино.
Општина Велес: Зафатени 3 декари сува трева во н. Превалец.
Општина Брвеница: Запалена нива во с. Брвеница.
Општина Куманово: Запалено ѓубре во с. Рамановце.
Општина Старо Нагоричане: Сува трева во с. Стрезовце.
Општина Липково: Пожари на стрништа и сува трева во селата Слупчане и Опаје.
Општина Македонски Брод: Ниска вегетација помеѓу селата Слатина и Грешница.
Поради високите температури и сувиот период, ЦУК упатува апел до сите граѓани за максимална внимателност при престој на отворено и избегнување палење стрништа, отпад и сува вегетација.