Илјадници државни службеници во Лисабон на улица – бараат зголемување на платите

Неколку илјади државни службеници и работници од приватниот сектор од цела Португалија се собраа денеска во Лисабон барајќи зголемување на платите и мерки за справување со зголемените трошоци за живот.

Толпата извикуваше „Трошоците за живот стануваат неподносливи“ и „Неприфатливо е да се биде посиромашн со работа“.

Протестот, повикан од синдикатот, доаѓа еден ден по националниот штрајк на државните службеници кои бараат зголемување на платите. Тој штрајк се одрази на работата на училиштата и болниците, додека ѓубреџиите не го собираа ѓубрето по улиците.

Синдикатите бараат и контрола на цените на основните прехранбени производи, бараат помош за спречување на порастот на кириите и хипотеките, како и мерки за борба против социјалната несигурност.

Во текот на 2022 година, стапката на инфлација во Португалија достигна највисоко ниво од 7,8 отсто, највисоко во последните 30 години.