Пукање во хотел во Приштина, едно лице загина, двајца се ранети

Едно лице загина, а две се повредени денеска во хотел во една приштинска населба, пренесе Газета експрес.

Според портпаролката на косовската полиција за регионот на Приштина, Фљора Ахмети, денеска околу 13 часот и 20 минути полицијата добила информација за пукање во хотел во населбата Арберија во Приштина.

На местото веднаш пристигнале полициски единици и медицинска екипа, додаде Ахмети.

Според првичните информации, едно лице се здобило со прострелни рани и починало на лице место, а лекарската екипа ја констатирала смртта.

Две лица се повредени и испратени во болница.

Полициски истражители во координација со државниот обвинител работат на расветлување на сите околности поврзани со настанот.