Први снимки од силниот земјотрес во Еквадор: Луѓето панично бегаат, зградите се уриваат

Силен земјотрес од 6,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Еквадор нешто по 18 часот, а на социјалните мрежи веќе се шират драматични снимки од овој земјотрес.

На видеата се гледа како луѓето во паника трчаат по улиците веднаш по силниот земјотрес што го погоди јужноамериканскиот брег.

Оние кои биле во продавниците снимиле на камери како бегаат од зградата, а на видеата се гледа дека полиците во продавниците се целосно превртени.