
По 21 година Златко Муцунски заминува од „Порше Македонија“
Златко Муцунски заминува од функцијата генерален директор на „Порше Македонија“ по 21 година на оваа позиција и 34 години посветени на групацијата „Фолксваген“ во Македонија.
Златко Муцунски заминува од функцијата генерален директор на „Порше Македонија“ по 21 година на оваа позиција и 34 години посветени на групацијата „Фолксваген“ во Македонија.
Муцунски ја сподели веста преку објава на професионалната мрежа LinkedIn, во која се осврна на својата долгогодишна кариера, професионалните достигнувања и емотивниот момент на разделба со компанијата.
По повеќе од три децении работа во автомобилската индустрија, Муцунски најави дека е време за ново поглавје во животот.
Во објавата не се наведува кој ќе го наследи на функцијата генерален директор на „Порше Македонија“.