„САД силно го поддржуваат пристапувањето на Северна Македонија и Албанија во Европската Унија и веруваат дека тоа ќе биде од корист за сите земји во регионот“. Ова е наведено во соопштението на портпаролот на Стејт департментот – Нед Прајс кое е испратено до американската амбасада во Бугарија.
„Aдминистрацијата на американскиот претседател Џо Бајден не размислува за санкции против бугарската Влада и е убедена дека владите на Северна Македонија и Бугарија започнале конструктивен дијалог кој ќе помогне навремено да се решат нивните разлики. Го цениме силниот интерес на американскиот Конгрес за ова прашање и ќе продолжиме да одржуваме тесна координација со Конгресот за ова прашање“ – се вели во соопштението.