Во Австралија 77 починати од Ковид за еден ден – најмногу од почетокот на пандемијата

Најсмртоносен ден од избувнувањето на пандемијата на коронавирус во Австралија – регистрирани се вкупно 77 смртни случаи, а претходниот максимум од 57 смртни случаи беше регистриран минатиот четврток.

„Денеска е многу тежок ден за нашата земја“, рече премиерот на Нов Јужен Велс, Доминик Перот.

Австралиската држава објави 36 смртни случаи, што е ново високо ниво од почетокот на пандемијата.

Во Австралија беа пријавени околу 73.000 нови инфекции, а од почетокот на пандеммијата има пријавено околу 1,6 милиони инфекции.

Вкупниот број на починати достигна 2.776.