Снежно невреме во САД, има повредени, а срушени се и неколку куќи
Тројца повредени во снежно невреме на источниот брег на САД. Уништени биле 30 монтажни куќи, а кај 5о-тина е причинета поголема штета.
Медиумите пренесуваат дека невремето предизвикало обилни снежни врнежи, силни грмежи и силен ветер.
За деловите на Нова Англија и американските сојузни држави Њујорк, Охајо, како и Пенсилванија, до утре прогнзите се околу 30 сантиметри снег.
Според синоптичарите, брзината на ветрот во овој дел од земјата може да достигне околу 72 километри на час, а на Лонг Ајленд речиси 97 километри на час.