Новак Ѓоковиќ по авантурата во Австралија денеска се врати во Белград

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, по авантурата во Австралија, денес пристигна во Белград.

На белградскиот аеродромот „Никола Тесла“ беа присутни стотина новинарски екипи, како и навивачи кои сакаа да му изразат поддршка на спортистот.

Ѓоковиќ од Мелбурн преку Дубаи се врати во Белград, но информациите се дека тој веднаш, со друг авион, може да замине за Шпанија, каде во моментов се наоѓа неговото семејство.

Австралискиот министер за имиграција – Алекс Хоук, на 14. јануари донесе одлука и објави дека визата на Ѓоковиќ е укината по вторпат. Како одговор, Србинот повторно се жалеше до Федералниот суд на Австралија, но жалбата не му беше прифатена.

Според австралиската влада, присуството на Ѓоковиќ во земјата е јавна закана, бидејќи за многумина, особено за луѓето кои не сакаат да се вакцинираат, тој е пример.