Направени се 3.748 тестови, а регистрирани се 766 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 521, Битола – 33, Куманово – 32, Струмица – 23, Кавадарци – 20, Прилеп – 19, Штип – 17…
Од вкупниот број на позитивни (766), регистрирани се 86 реинфекции.
Регистрирани сe 486 оздравени пациенти од: Скопје – 339, Битола – 26, Прилеп – 23, Кавадарци – 18, Тетово – 14…
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 4 починати лица од Скопје (63г, 65г, 80г и 81г), 2 починати лица од Битола (80г и 82г) и по едно починато лице од Охрид (58г), Гевгелија (72г), Кавадарци (67г), Крива Паланка (74г), Кочани (48г) и Демир Хисар (82г).
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 3 лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар и Дебар, починати во период од 03.01 – 11.01.2022г. Починатите се на возраст од 62 години до 75 години. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.
Бројот на оздравени пациенти е 220.886, на починати е 8.115, а бројот на активни случаи изнесува 16.397.