Марковски: Не е целта на литературата да се биде комфорен, целта ми е да се биде експериментален

Разговорот со авторот Стефан Марковски го правеше Марија Димишкова

„Не е целта на литературата да се биде комфорен, барем во мојата литература целта е да се биде експериментален и да се трага по границите по изворите и по можностите на стилскиот, семантичкиот и структурниот израз на секој тип израз по сопствената уникатност и универзалност, истовремено. Затоа во различни периоди како што е и животот кој носи различни патишта, така и самата литература се разгранува на повеќе начини и во неколку прилики сум кажал дека не е толку важен самиот книжевен вид при самото пишување, туку е многу попресудно она што го носиме како приказна ние, а кое што го пренесуваме како приказна до самиот читател“ – нагласи авторот Стефан Марковски во најновото издание на Трилинг.

На прашањето дали неговиот последен роман „Анатомија на бумбарот“ кој минатата година беше прогласен за најчитан на Амазон наметна една своевидна поголема книжевна одговорност, тој одговори:

„Се разбира дека да, одговорноста е пред се пред самиот автор кон неговиот книжевен, но и кариерен пат да речеме, затоа што само себе опсервацијата во литературата може да биде односно да долови подобрување, не само тоа, меѓутоа тоа е една од клучните алатки за таа работа. Ако ја споредиме природата на литературата со природата на музиката, филмот и другите уметности ќе забележиме дека таа е доста поинтровертна, доста посвртена кон себеси, дури и самиот читател кога чита книга развил на некој начин поинтимен однос затоа што станува збор за контент директно со текстот. Еден читател може да чита една книга, не станува збор за колективно читање. Кога авторот е сам со себе со своите мисли и ги растопува на хартијата, и кога буквално вади дел од својата душа. На таа хартија ја изнесува искрено на еден сепак префинет начин“ вели Марковски.