Зеколи: Никој во оваа земја нема амнестија од критика или од одговорност

„Мислам дека историјата и реалноста веќе бараат промена. Околностите и изменетите околности кои се имаат создадено во овие последни пет до шест години и желбата за промени во кои двете страни имаат различно толкување на поимот промена” – одговори екс амбасадорот и колумнист Арсим Зеколи на прашањето кој го посакува заминувањето на Ахмети во најновото издание на Трилинг.

„Ова што ќе го кажам ќе звучи како согласност со Ахмети или со Ковачевски, но напротив мојата критика е кон медиумите или таканаречената јавност. Започна уште пред година дена, така да јас претходев. Не дека се фалам, но јас претходев на таа критика. Никој во оваа земја, ни во било која земја нема амнестија од критика или од одговорност. Јас преземам одговорност за моите зборови, моите анализи и прогнози точни или погрешни. Така да и медиумите не можат да бидат тргнати од таа листа на критики. Ако е неприфатлива цензурата на медиумите, во иста мерка важи и за медиумите дека не е прифатливо цензура на политичарите. Доколку медиумите имаат право да критикуваат партиите за некаков став, жалам но и медиумите посебно сега имаат обврска да ги поднесат критиките за нивниот однос. Доколку општеството има прифатено реториката и политиката дека е корумпирана, да не се лажеме зарем тоа не се однесува и на медиумите? Она што е рапидно опаднато е довербата во начинот на информирање на медиумите и давање квалификации за политичките ликови. Не можете вие да барате одговорност, отчетност, објективност од партиите, а притоа самите низ своите наслови да демонстрирате дека се уште помалку објективни и кредитабилни од политичарите“ – возврати Зеколи на прашањето дали Ахмети со својот напад врз медиумите, со слична реторика и Ковачевски наликуваат на времето на Груевски, со неговиот атак врз медиумите особено врз А1 телевизија.

Тој смета дека профитот од оваа состојба ќе биде само на естаблишментот и на тие етаблирани ликови.

„Така ќе остане се додека не се создаде една општествена состојба и енергија, и ќе се прифати она што ни е потребно, а тоа го приметувам во Косово. Сите ги гледаме Курти и Османи како некои чудни феномени, никој не навлегува во тоа зошто се толку популарни. Да, бил во затвор, ова, она. Курти е припадник на средната класа, исто е и со Османи. Не е припадник на лупенпролетеријатот кој отиде во војна, како што еден нивен кажа од тоа што ние го направивме требаше да гласат уште 400 години. Ниту е припадник на таа стара постјугословенска елитистичка црвена буржоазија тоа е феноменот на Курти и Османи“ смета Зеколи.