„Романија поради грипот е во состојба на епидемиолошка тревога“
„Романија нема да прогласи епидемија на грип, иако државата е во состојба на епидемиолошка тревога“, изјави на денешната прес-конференција министерот за здравство на таа држава, Александру Рафила.
„Не сакам на кој било начин да се вратам на дискусиите поврзани со карантин и изолација. Претпочитам препораки отколку ограничувања“ – истакна Рафила и им препорача на Романците да носат маски во затворени простори.
Во меѓувреме, Националниот центар за надзор и контрола на заразни болести при Националниот институт за јавно здравје соопшти за први смртни случаи од грип во Романија.
Станува збор за 25-годишна жена од Букурешт со потврден вирус на грип од типот А и уште една 50-годишна жена, исто така од Букурешт.