Курти му дозволи на српскиот патријарх Порфириј да го посети Косово

Косовскиот премиерот Албин Курти му дозволил на српскиот патријарх Порфириј да го посети Косово, како дел од подготовките за прославата на православниот Божиќ, објавено е денес на веб-страницата на Владата на Косово.

Според информациите, министерот за враќање и заедници, Ненад Рашиќ, побарал од Курти патријархот Порфириј да го посети Косово, што Курти го прифатил.

На веб-страницата се наведува дека патријархот рекол дека попладнево ќе дојде на административниот премин и дека сака да влезе во Косово без телохранител.

Од косовската влада додаваат дека предупредувањето на патријархот Порфириј оти планира да влезе во земјата без телохранители е уште еден доказ дека Косово е побезбедна земја од Србија.

Порфириј планираше да го посети Косово на крајот на декември, но косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора постави некои услови пред да му биде дозволен влез во Косово.