Сопственикот на трите кучиња кои до смрт искасаа српски новинар е во затвор

Сопственикот на трите кучиња кои вчера до смрт го искасаа српскиот новинар Владан Радосављевиќ е во затвор на издржување на казна, а куќата во која се чувале кучињата не е негова, туку на жена од Франција, пишува српски Курир.

Кучињата кои по трагедијата ги презеде Зоолошка хигиена, биле згрижени од сосед од Космај. Вишото јавно обвинителство покрена истрага, а дежурниот обвинител нареди обдукција.

Сопругата на Владан, Олга, која се обидела да го одбрани, има полесни физички повреди, каснувања по подлактицата, надлактицата, како и каснување по грбот. Таа е на Клиниката за инфективни болести во Белград.

Радосаваљевиќ престојувал во викендица на Космај (планина во околина на Младеновец) со сопругата.

Излегол на прошетка, а потоа го нападнале кучињата. Успеал да ѝсе јави на сопругата која се упатила кон него, но кога пристигнала го пронашла осакатеното тело на Радосављевиќ и три крвави кучиња. Најмногу каснувања имал на нозете и гениталиите.

Кучињата – првото Стафорд, второто мешавина од Стафорд и питбул и трето куче за кое не се наведува расата, излегле од дворот низ отворената капија, а носеле огрлици со ознаки на кои биле испишани телефонските броеви на сопственикот.