Првиот човек на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов, преку својот профил на Инстаграм синоќа изрази задоволство и гордост од прекрасниот хуманитарен настан, мечот на ракометната А-селекција и легендите на овој спорт кој се одигра завчера вечерта во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
„Македонија е среќна што имала ракометни легенди кои гордо и достоинствено го носеле црвено-жолтиот дрес. На „Сите ѕвезди за СОС Детско село“, победи хуманоста, а МВП беше шестилјадната публика во арената Борис Трајковски“, порача Мукаетов.
View this post on Instagram