Досегашната директорка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, професорката и поранешна уставна судијка Наташа Габер-Дамјановска, денеска е реизбрана на функцијата.
Од деветмина членови ,таа доби 0сум гласа.Само претставничката на Министерството за правда беше воздржана.
Противкандидати и беа судијата за организиран криминал и корупција Ненад Савески од Основниот кривичен суд Скопје и судијата од Граѓанскиот суд Скопје Андреј Димовски.
Габер-Дамјановска, Савески и Димовски исполнуваа услови за избор, додека отпадна судијката Емилија Шопар-Јованова, зашто ги немаше меѓународните признати сертификати за познавање на еден од најчесто користените јазици на Европската унија, кој беше битен услов во објавениот оглас.
Тешко е да се избере меѓу вака квалитетни кандидати – претседателот на Управниот одбор обвинителот Бодан Лазаревски.
За Димовски сите 9 гласа беа против, а пак Савески имаше 5 гласа против.
Директорскиот мандат во Академијата е 4 години.