Ана Брнабиќ смета дека Србија е се поблиску до тоа да побара враќање на својата војска на територијата на Косово и Метохија

Ана Брнабиќ смета дека Србија е се поблиску до тоа да побара враќање на својата војска на територијата на Косово и Метохија.Сепак таа најави дека повеќе информации ќе соопшти Александар Вучиќ во текот на овој ден.

КФОР не ја работи својата работа и затоа што Србите на КИМ не можат да се чувствуваат безбедно. Тие се таму физичко загрозени, а загрозени се и нивните животи. Вклучувајќи ги и децата во градинките.

Брнабиќ истакна дека тешко било да се спие минатата ноќ, обвинувајќи го Албин Курти .Според неа тој Србите и Албанците ги донел на работ од војната. Вели дека тоа не го направил Курти сам, туку е последица и на игнорантското однесување на партнерите во Европската Унија. Смета дека косовските власти секојдневно ги прекршуваат Бриселскиот и Кумановскиот договор.

„Во текот на ноќта и утрото со министерот за одбрана Милош Вучевиќ и началникот на Генералштабот на војската на Србија, Милан Мојсиловиќ ….нема предавство“, истакна претседателот Вучиќ на Инстаграм.

На Северот од Косово околу 300 вооружени припадници на косовската полиција, во придружба на оклопни возила, влегоа во срспкиот дел од Митровица.

Еден полицаец бил повреден во вооружен инцидент меѓу полициските сили и вооружени граѓани, при што оштетено било и полициско возило во село во општината Звечан, 50-тина километри северно од главниот град Приштина.Ова го потврдија косовските власти.