Османи прима инфузија за време на состанок

Денеска во јавноста излезе фотографија од кабинетот на министерот за надворешни работи Бујар Османи. На неа се гледа како шефот на македонската дипломатија прима инфузија во моменти кога има состанок со луѓе во својот кабинет објави „Ина-онлајн“.

На фотографијата можеме да видиме пластично шише со течност како е закачено до Османи, а цевката за инфузијата стигнува до неговата фотелја.