Путин денеска истакна дека Русија би можела да го намали производството на нафта. Ова е одговор на ограничувањето на цената од 60 долари за нејзиниот извоз на нафта, договорено од западните земји поради офанзивата на Москва во Украина.
„Ќе разгледаме можно намалување на производството доколку е потребно“, изјави Путин на прес-конференција во главниот град на Киргистан, Бишкек, каде учествуваше на регионален самит.
Според рускиот претседател, ограничувањето на цената на нафтата е „глупава одлука“ што е „штетна за светските енергетски пазари