Грција мака мачи со вирусот – 50.126 нови случаи на Ковид-19

За последните 24 часа во соседна Грција регистрирани се 50.126 случаи на Ковид-19, што претставува негативен рекорд во земјата од почетокот на пандемијата.

Овие позитивни случаи се од направени 650.101 тестови, а најголемиот дел од новозаразените речиси се во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Од Ковид-19 почина 61 лице, а 619 пациенти се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во болниците.

Од почетокот на пандемијата, во Грција се потврдени вкупно 1.344.923 случаи на Ковид-19, а почина 21.053 лица.