Во Британија над 200.000 ковид позитивни за 24 часа

Велика Британија се соочува со најголем број ковид позитивни за едно деноноќие. Тамошните власти соопштија дека има повеќе од 200.000 случаи во последните 24 часа, а Омикрон сојот незадржливо се шири низ земјата.

Официјалната бројка е 218.724 новоинфицирани – највисокиот дневен вкупен број од почетокот на пандемијата.