Претседателот на Словенија – Борут Пахор кој го троши вториот мандат како прв човек на земјата вели дека нема планови за политика во иднина. Тој е задоволен од она што го постигнал за десет години како претседател на земјата.
„Многу ми е важно да си ја работам работата до последниот ден од следната година за да може задоволен да си заминам од ова место“, рече Пахор во предновогодишно интервју.
„Тогаш, по десет години, ќе може да кажам: она за што се натпреваруваше за оваа позиција повеќе или помалку го постигна, а сега можеш да си заминеш со чиста совест“, смета Пахор.
Пахор е еден од словенечките политичари со најдолг стаж од оваа генерација. Беше претседател на Собранието, премиер, но и лидер на опозицијата.