Омикрон сојот е отпорен на антитела

Омикрон сојот на Ковид-19, кој се шири со голема брзина низ Европа, е отпорен на антитела – покажала студијата на Медицинскиот универзитет во Гетинген и Институтот за истражување на приматите.

Утврдено било дека антителата на излекуваните лица од коронавирус не ја спречуваат инфекцијата со сојот омикрон.

И по примањето на две дози од вакцината на Фајзер/Бионтек, создадените антитела покажале многу помала ефикасност против омикрон отколку против сојот делта.

Истражувањата покажале дека терапијата со антитела против ковид-19 мора подобро да се прилагоди на сојот омикрон.