Почина поранешниот грчки претседател Каролос Папуљас на 92-годишна возраст. Тој функцијата претседател на нашиот јужен сосед ја вршеше од 2005 до 2015 година.
Папуљас беше третиот претседател во Грција што доби два последователни мандати, а во неговата политичка кариера беше шеф на дипломатијата, алтернативен МНР, заменик министер за надворешни работи, но и алтернативен министер за одбрана.
Беше висок функционер на Социјалистичката партија ПАСОК и близок соработник на нејзиниот покоен лидер и поранешен премиер – Андреас Папандреу.
По завршувањето на вториот претседателски мандат во 2015 година, Папуљас се повлече од политичката сцена во Грција.