Влада го исполнила ветувањето за вакцинирање на 60 отсто од граѓаните кои можат да се вакцинираат.
Полицијата во Битола синоќа имала полни раце работа. Во периодот од 20 до 02 часот по полноќ спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол и санкционирани се 27 возачи.
Кај еден од возачите инструментот пoкажал присуство на дури 4,28 промили алкохол во крвта.
Досега „рекордот“ беше 4,26 промили алкохол, на 10. октомври годинава.
Не е дозволено повеќе од 0,5 промили алкохол во крвта бидејќи првите пречки при управување на возилото се јавуваат на 0,8 промили алкохол, информираат познавачите.