И КСС бара минималната плата да биде 18.000 денари
Конфедерацијата на Слободни синдикати (КСС) се приклучи на барањата на ССМ за тоа минималната плата во земјава по Нова Година да изнесува 18.000 денари.
Првиот човек на КСС – Благоја Ралповски во изјава за ТВ Алфа вели дека треба пратениците и Министерството за труд и социјала да го изгласаат законот. Тој додава и дека висината на минималната плата не смее да биде пониска од 60% од просечната месечна нето-плата во последните три месеци, но и спирално да се зголемуваат сите останати плати во државата.
„Стоиме зад се што предлага ССМ, и силно ги поддржуваме. Гледајќи го порастот на цените на се на пазарот, разговаравме дека не може да чекаме многу време, и бараме одма согласно закон да има усогласување на минималната плата. Имавме енормно зголемување на храната, средствата за хигиена и на горивата и врз основа на нашите пресметки и нашата интенција минималната плата да биде 60% од просечно исплатената плата, направивме пресметка која покажа дека минималната плата треба да биде 18.000 денари“ реча Ралповски.