Петков предлага да се формираат пет работни групи, а во јануари сака да се сретне со новиот македонски премиер

Премиерот на Бугарија – Кирил Петков во емисијата „120 минути“ на националната БТВ изјави дека има желба во првата половина на јануари да се сретне со новиот премиер на Северна Македонија. Тој во емисијата предложил да има пет работни групи меѓу двете земји, и тоа за економија, инфраструктура, евроинтеграции, култура и историски прашања.
Петков предлага групите да се состануваат секој месец. Ако тоа се реализира, Петков смета дека може да бидат направени и компромиси од двете страни.

„Македонските граѓани со бугарско потекло треба да бидат заштитени од дискриминација и од говор на омраза. Исто така, треба да има и некој инструмент којшто ќе гарантира дека секој таков елемент на дискриминација, ќе биде оценет како неевропски. И од другата страна има црвени линии. Не можеме да ги занемариме фактите. Полесно е кога ќе видиме колку може да добиеме и од двете страни, да смислиме можности за нештата кои се прифатливи и за двете страни. Нема да отстапиме од нашите сериозни позиции, ќе можеме многу да добиеме заедно“ – рече Петков.