Столтенберг: Никогаш нема да направиме отстапки за безбедноста на нашите сојузници

Јенс Столтенберг – генералниот секретар на НАТО во интервју за „Le Journal du Dimanche“ рече дека се спротивставува на руските предлози НАТО да се откаже од проширувањето и да обезбеди воена помош за Украина, содржани во нацрт-безбедносниот договор.

„Никогаш нема да направиме отстапки за безбедноста на нашите сојузници или правото на секоја нација, вклучително и Украина, да одлучува за својата судбина. Украина е суверена држава и има право да се брани, како што дозволува Повелбата на ОН. Таа има право да бара помош и не гледам како тоа и се заканува на Русија, која е агресор во овој конфликт“ – рече Столтенберг.

Тој потсети дека во случај на агресија, Москва ќе се соочи со „економски и политички санкции“, а „воено тоа може да значи нова фаза на зајакнување на НАТО“ во земјите најблиски до Русија „од Романија до балтичките земји“.

„Помина година и пол откако руските дипломати последен пат стапнаа на прагот на Советот Русија-НАТО. Идејата за нова конференција на која ќе се разговара за областите на влијание во кои големите сили можат да контролираат што можат и што не можат нивните соседи „ќе не однесе назад, а тоа воопшто не е вистинската насока“ смета Столтенберг.