Трка на Дедо Мразовци во Мадрид
Неколку илјади луѓе учествуваа на традиционалната трка на Дедо Мразовци во главниот шпански град – Мадрид. Трката, која има хуманитарен карактер, започнува и завршува на плоштадот „Колумбо“ во шпанската престолнина.
Луѓе од сите генерации трчаа на трката која е долга 5,5 километри. Меѓу Дедо Мразците имаше и луѓе облечени во зелени костуми, како неговите помошници.