Поради коронавирусот вработените во „CNN“ ќе работат од дома

Вработените во телевизијатата „CNN“ кои можат, ќе работат од дома за да не доаѓаат во деловните простории поради повторно зголемување на бројот на новозаразени од Ковид 19.

„Тоа го правиме од претпазливост. Ние ги штитиме и оние кои треба да дојдат на работа со тоа што максимално го намалуваме бројот на луѓе околу нив“, изјави директорот на телевизијата – Џеф Закер.

Оние пак вработени кои мора да доаѓаат на своето работно место ќе треба постојано да носат заштитна маска.

Од „CNN“ планираат да направат измени и во телевизиските студија и режии, со цел и таму да се намали бројот на луѓе.

Телевизијата бара сите вработени да се вакцинираат против Ковид 19.