Јанша со писмо ги повика Словенците да се вакцинираат

Премиерот на Словенија – Јанез Јанша преку писмо ги повика сите граѓани да се вакцинираат.

„Да бидеме слободни, но и одговорни, солидарни. Се вакцинираме затоа што е време да се поврземе и да бидеме заедно во оваа битка со Ковид-19“ – вели премиерот Јанша во писмото испратено до граѓаните.

Тој најави можност за воведување задолжителна вакцинација, но таквиот план го оспори и Уставниот суд, па сега посочува дека вакцинацијата е доброволна, но и општествено одговорна и многу посакувана одлука за сите.

Во земјата се отворени 62 центри за вакцинација кои работат по цел ден.