Не(реално) со Моџо –
Двете најголеми партии имаа избори. Тројца делегати кај ВМРО-ДПМНЕ го промашиле Христијан Мицкоски.
Двете партии избраа лидер, човек на кого ќе му дозволи Али Ахмети да биде премиер.
Ќе биде тешко – ветото повторно ни се избугари, а избугари значи се расипа, се измелези, тоа е стар архаичен збор – што значи сигурно го немаат измислено Бугари, туку народ некој што постои тука.
Џамбаски, пак, вели дека Македонија е втора Бугарија, сепак не би рекол дека сме толку лоши како држава, може Бугарија да е втора Македонија.