Проф. Ило Трајковски: Конфликтот со Бугарија ќе трае многу долго, во прашање се предрасуди, стереотипи, на двете страни

„Не сум оптимист дека ќе се постигне договор за 6 месеци. Бугарските политичари се свесни дека не можат да одат без крај во тој процес. Овој конфликт со Бугарија тлееше, постоеше меѓу нас, но никогаш не го доведовме до рационално ниво. Тој е сложен, затоа што со нив сме поблиски, послични, тоа е проблем. И да се најде инстант решение, мислам дека работата на рационализацијата на конфликтот ќе трае многу долго, во прашање се инвестирани културни вредности, предрасуди, стереотипи, на двете страни“ – вели професорот на Филозофскиот факултет – Ило Трајковски.

„Не мислам дека национализмот е злобна политичка формула и идеологија“ потенцира Трајковски.