Ана Чупеска: Конфликтот со Бугарија треба да се реши во насока на споделена историја

„Сега се поставени темелите на `Едно општество за сите`. Нееманципираноста на дел од партиските елити кои се уште на репертоар нудат само етно-националистичка агенда, за да регрутираат што повеќе гласови. СДСМ успеа да зачлени и припадници на немнозински народи во Македонија, покажа степен на културна разновидност, на демократтичност, тоа е нова инстанца во политичката култура на Македонија“ вели Ана Чупеска – универзитетски професор.

Таа смета дека излезот на конфликтот со Бугарија треба „да биде решен првично како конфликт во сеќавањето, во меморијата, интерпретацијата на историјата“.

„Камен на сопнување беше споделената историја, што значи заедничка историја, а всушност е споделена историја. Доминантното историско знаење е национал-шовинистично, но во 21 век историјата е трансисториска, секоја национална историја е споделена, со блиските народи. Во овој дел конфликтот мора да биде решен“ посочува Чупеска.