Подолго време македонските компании се жалат на недостиг на кадри, потребата од практични знаења, дали премногу во образованието се стави акцент на теоријата, а не и на праксата?
„Имаше доста реакции на компаниите дека образовните програми не одговараат, не се релевантни на нивните програми. Оттука е нивниот ангажман во образовниот систем, тие да дадат допринос, поголемиот компании први дадоа допринес. Сега повеќето компании видоа дека тоа е профилирање на кадар кој понатаму ќе може полесно да се адаптибира на условите во самата компанија, децата да стекнат работна навика“ – вели Михајло Донев – в.д. оперативен директор во Стопанска комора на Македонија.
Донев на прашење колку македонските компании брзо се преорентираа на новиот начин на функционирање поради пандемијата вели:
„Различни дејности, различно беа погодени од здравствената која се претопи во економска криза. Пандемијата е поттик за некои работи кои не се брзаа со имплементирање. Првпат за голем дел во македонските компании се примени работа од дома. Голем предизвик беше ова за многу компании“.