Мирко Трајановски: Главната порака на книгата е децата никогаш да не престанат да читаат

„Две сликовници излегоа во неколку месеци – главна инспирација добив раскажувајќи и приказни на мојата ќерка навечер пред спиење. Негогаш треба и фантазијата да ја разбуричкаме, децата генерално е многу важно да им се раскажува пред спиење, тоа им помага што порано да почнат да зборуваат“ вели Мирко Трајановски – автор на книгата „Волшебното патување на простор и време“.

Тој вели дека неговата ќерка ги обожувала приказните, а:

„ Главната порака на книгата е децата никогаш да не престанат да читаат. Таа навика е тежок предизвик, затоа што екраните што светат го привлекуваат вниманието на децата“.